Деновиве е забележана фишинг кампања преку испраќање на SMS пораки. Како испраќач стои Info или SMSinfo. SMS пораката е со содржина „Погрешна адреса, артиклите ќе бидат вратени: линк кон веб-страница“. Со клик на линкот, се отвора прелистувачот кој носи на страница која лажно се претставува како Пошта на Северна Македонија, со URL aдреса „postamk[.]win“, или „gov[.]mk-post[.]xyz“, или слични. Понатаму доколку се кликне на копчето „Продолжи“, се отвора нова страница за внес на лични податоци. Доколку случајно се пополни образецот, со клик на копчето „Ажурирајте Веднаш“, ќе се отвори нова страница со наслов „Плаќање преку Интернет“, за внес и кражба на податоци за сопственик и број на банкарска картичка, датум на истекување и безбедносен код.
Заради Ваша заштита во дигиталниот простор, како и заштита на Вашите лични податоци и финансиски информации, апелираме да не кликнувате на овие лажни линкови. Доколку веќе сте кликнале на линкот и сте ги пополниле обрасците опишани погоре, најитно известете ја банката на телефон 02/329 63 30 и побарајте помош и насоки за да се спречи евентуална злоупотреба на картичката. Исто така, заради внес на ваши лични податоци, бидете внимателни со пораките кои во иднина може да ги добиете по SMS или на адресата за е-пошта, апелираат од банката.
Секако, остануваат да важат општите мерки на претпазливост како:
– Не внесувајте ваши лични податоци и податоци за картички на непроверени веб-страници.
– Секогаш проверувате ја URL адресата на веб-страницата што ја посетувате, со цел да потврдите дека пристапувате на официјалната страница.
– Секогаш бидете внимателни при посета на веб-страниците и секогаш имајте активен и ажуриран антивирус на уредот од кој пристапувате на интернет.
За дополнителни информации во врска со нападите од дигиталниот простор, можете да се информирате на следниот линк: https://www.halkbank.mk/griza-za-klienti.nspx
стои во објавата на веб страната на банката.