Актуелно 18.11.2018 11:56

Хаос во СДСМ: Катерина Колозова повика Шеќеринска да го замени Заев, цитирајќи изјава од Орданоски?!

Хаос во СДСМ: Катерина Колозова повика Шеќеринска да го замени Заев, цитирајќи изјава од Орданоски?!

Професорката Катерина Колозова важи за голем поддржувач на СДСМ. Неодамна гостуваше во медиуми како гласноговорник за поддршка на договорот од Преспа за промена на името.

Сега, таа порачува дека Радмила Шеќеринска треба да го замени Зоран Заев, а за тоа да го објави во јавноста, Колозова цитира колумна на Орданоски.

-Затоа што ако ми дозволите целата оваа ситуација е резултат на ова владеење на Зоран Заев во кое што се се стави да се преговара на маса. Ние ја знаеме високата цел. Направија милион компромиси, се направија од поздравувања со Амди Бајрам до толерирања, посочи Сашо Орданоски во гостувањето на 1ТВ.

Орданоски појасни дека ова е таа атмосфера која што во Македонија година и пол откако Заев е дојден на власт владее, во која што сите мислат дека на крајот се може да се договори од уставни промени до бегање од правдата.

-Поради оваа атмосфера политичка, Заев ќе си плати цена за тоа, но за да ја пресретне таа цена мора веднаш да се излезе во јавноста со форензичка анализа како успеа Груевски да избега од земјата без при тоа да знае власта, смета Ордановски.