Актуелно 02.11.2018 16:57

Хаосот на „Партизанска“ продолжува: Викендов времен сообраќаен режим

Хаосот на „Партизанска“ продолжува: Викендов времен сообраќаен режим

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради извршување градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот Партизански одреди во Влае, како и асфалтирање прекоп извршен од БЕГ кај Порта Влае, претстојниов викенд ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

Утре (03.11.2018 година, сабота) со почеток од 8 часот, ќе се затвори бул. Партизански одреди на потег од крстосницата со ул. Никола Парапунов до мостот Влајко, во правец од Центар кон Ѓорче Петров. Сите возила и автобуси кои ќе гравитираат од Центар кон Ѓорче Петров, ќе се пренасочат по улиците Московска и Васил Чакаларов или по улиците Скупи и Ацо Шопов.

Во недела (04.11.2018 година) ќе биде целосно затворен за сообраќај бул. Партизански одреди во насока од Ѓорче Петров кон Центар. Сите возила и автобуси на ЈСП кои ќе се движат од Ѓорче Петров кон Центар, ќе се пренасочат по улиците Васил Чакаларов и Ацо Шопов.

-Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, велат од Град Скопје.