Актуелно 10.08.2018 12:06

ХЕДОНИЗАМ НА ГРАНИЦА СО ИДИОТИЗАМ: Шеќеринска набавува свежо месо за министерството за одбрана во вредност од половина милион евра

ХЕДОНИЗАМ НА ГРАНИЦА СО ИДИОТИЗАМ: Шеќеринска набавува свежо месо за министерството за одбрана во вредност од половина милион евра

Покрај скандали со грантови доделени од министерството за одбрана на фантомски невладини или пак невладини каде членува самата министерка, Радмила Шеќеринска очигледно дека покрај корупцијата и хедонизмот претставува нејзина слаба страна.

Имено на интернет страницата на Електронскиот систем за јавни набавки, може да се забележат две јавни набавки за министерството за одбрана, едната во вредност од 26,5 милиони денари и уште една во вредност од 4,2 милиони денари за набавка на свежо месо за потребите на министерството. Односно Радмила Шеќеринска за својот личен хедонизам ќе потроши неверојатни половина милион евра.

Ова не е изолиран случај на изблик на хедонизам, а јавноста добро ги памети скандалите со набавките на бадеми, ф’стаци, морски плодови и други апетисани во вредност од десетици илјадници евра. Додека армијата носи стари униформи и искинати чизми, високи претставници на министерството за одбрана шетаат по ручеци со армиски хеликоптери, вожња која ја чини државата илјадници евра во еден правец. Нема правда, нема мир.