Грчкиот фонд за приватизација (HRADF) го објави почетокот на продажбата на мнозинскиот удел во „Hellenic Petroleum“. Во продажба ќе бидат понудени не помалку од 50,1% од капиталот на нафтената компанија.
Компанијата е лидер во енергетскиот сектор во Југоисточна Европа. Нејзината приватизација е еден од најамбициозните чекори во Атина за барањата на доверителите за намалување на учеството на државата во енергетскиот сектор.
„Hellenic Petroleum“ работи не само во Грција, туку и во шест балкански земји, вклучувајќи ја и рафинеријата во Скопје. Акциите на компанијата се тргуваат на берзите во Атина и Лондон.
Од продажните документи објавени на страницата на „HRADF“, јасно е дека приватизацијата на компанијата ќе се одвива во две фази. Не подоцна од 18-ти мај 2018-та година, заинтересираните компании мора да ги наведат своите намери во агенцијата.
Избраните кандидати ќе бидат поканети да учествуваат во следната фаза од постапката.
Главен акционер во „Hellenic Petroleum“ е „Paneuropean Oil and Industrial Holdings“ со 45,47% од капиталот на компанијата. Грчкиот фонд за приватизација поседува 35,48% од капиталот, а другите нешто повеќе од 19% се во рацете на грчките институции и приватни инвеститори.
Во почетокот на април, „HRADF“ и „Paneuropean Oil and Industrial Holdings“ се согласија да ги продадат акции во „Hellenic Petroleum“. Според условите на договорот, државниот фонд ќе понуди 20 отсто од своите акции во нафтената компанија, додека „Paneuropean Oil and Industrial Holdings“, која е приватна компанија, изнесува 30,1 отсто.
„Hellenic Petroleum“ не ги поседува само четирите рафинерии (три во Грција и една во Македонија), туку и проекти за експлоатација и екстракција на нафта, но исто така и со својот 35% удел во „DEPA“. Во 2017-та година, нејзините приходи изнесуваа 8 милијарди евра, а оперативната добивка изнесуваше 834 милиони евра, според финансискиот извештај на нафтениот гигант.