Холандските власти го намалија нивото на терористичка закана во централниот град Утрехт, на четврто од петто ниво, по апсењето на осомничениот во смртоносниот напад во трамвај.
Според властите, одлуката е донесена по „апсењето на главниот осомничен за нападот”.
Нивото на терористичка закана сега е на четврто ниво како и во останатиот дел од Холандија
Одлуката дојде набрзо откако полицијата објави за апсењето на прес конференција пренесувана од националната телевизија.
Три лица загинаа во денешниот напад, а петмина се повредени од кои тројца се со сериозни повреди, соопшти полицијата.
Таткото на осомничениот за нападот во трамвајот во Утрехт кој е роден во Турција, рече дека сака синот да му биде казнет ако навистина е извршител на нападот.
– Ако го направил тоа, треба да биде казнет, изјави Мехмед Таниш татко на Ѓокмен Таниш.
Холандската полиција го уапси 37-годишниот Ѓокмен Таниш роден во Турција по нападот во трамвај во Утрехт.