Живот 06.02.2024 09:03

ХРВАТСКА БАРА ПИЦА МАЈСТОРИ: Газдите нудат плати и до 2.000 евра

ХРВАТСКА БАРА ПИЦА МАЈСТОРИ: Газдите нудат плати и до 2.000 евра

Нема кој да ја прави пици во Хрватска иако платата е 2.000 евра.

Пица мајсторите се многу барани во Хрватска. Во огласите за работа, на социјалните мрежи и на веб-страниците на угостителските компании, јасно се гледа дека во моментов низ цела Хрватска се бараат повеќе од сто пица мајстори, пишува Даница хр.

Така, една пицерија во Вела Лука на Корчула на пица мајстор му нуди плата до 2.000 евра. Тие ќе подготвуваат пици од електрична печка, а работното време е од 15 до 23 часот. Обезбедено е сместување и храна.

Хрватска има потреба од илјадници сезонци, а нив ги обезбедува од државите од регионот, но има и доста филипински работници.