Актуелно 22.01.2021 16:21

Хрватска ја прекина вакцинацијата

Хрватска ја прекина вакцинацијата

Хрватска ќе мора да ја прекине имунизацијата на населението од коронавирус, бидејќи немаат вакцини Фајзер, изјави денеска директорот на ХЗЈЗ, Крунослав Чапак, кој на тој начин го демантираше вчерашното соопштение на министерот Вили Берош дека снабдувањето со вакцини во Хрватска е стабилно и дека производителите планираат да ги зголемат дозите.

Ќе успееме да ги вакцинираме сите што ја примија првата доза со втората доза, но ќе мора да ја запреме имунизацијата, бидејќи немаме доволно вакцини Фајзер, рече Чапак на прес-конференцијата на Националниот штаб.

Тој додаде дека и производителот Модерна доставил одредена количина вакцини, но дека Хрватска вчера била информирана дека ќе доцни со нови испораки.

Не сме задоволни од испораката, тоа е далеку од она што го договоривме. А, ситуацијата ни е уште потешка, бидејќи на почетокот ни дадоа поголеми количини, кои сега се намалуваат, рече Чапак.

Директорката на клиниката за инфективни болести во Загреб, Алемка Маркотиќ, рече дека сето тоа не е само политика.

Тоа е нова вакцина и потребни се големи капацитети за да се произведе голема количина. Спроведени се скапи и тешки контроли, сите тие мора да бидат со цел вакцината да се појави на пазарот – рече Маркотиќ.

Таа додаде дека нема производител кој ги има сите совршени серии и тоа може да биде една од причините зошто испораките може да се одложат, пренесоа хрватските медиуми.