Во Хрватска ќе се одржи итна средба со претставниците на трговските ланци, бидејќи цените на храната незапирливо растат.
Хрватска има намера да ги замрзне и врати цените на 1.600 производи кои во последно време драстично поскапеа. Потрошувачката кошничка поскапе во зависност од трговскиот центар за 5-6 отсто, а најавени се и нови поскапувања.
На средбата во владата се поканети претставници на најголемите трговски ланци, од „домашниот“ „Конзум“ до странските како „Лидл“ и „Спар“, со цел да се постигне договор за враќање на цените на ниво пред воведувањето на еврото.
Засега тоа не го сакаа малопродажните ланци, но им се заканува данок на дополнителна добивка.
Во Хрватска најмногу поскапеле зеленчукот и овошјето, а во последно време значително се повисоки и цените на свинското месо.