Актуелно 02.01.2019 10:58

И 2019 стартува со набавки во четири очи: Три јавни набавки за неформалниот сопруг на Мила Царовска

И 2019 стартува со набавки во четири очи: Три јавни набавки за неформалниот сопруг на Мила Царовска

Три јавни набавки со вкупна вредност од 1.5 милиони денари добила компанијата „ФЛАЈ КЕМ“ ДООЕЛ Скопје, која е во сопственост на неформалниот сопруг на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Во исто време, во анкетните листови за состојбата на нејзиниот имот, Царовска не го пријавила богатството – открива Економски Лидер во својот прв скандал за годинава.