Економија 31.08.2018 17:24

И граѓаните кои должат за струја ќе можат да го сменат снабдувачот

И граѓаните кои должат за струја ќе можат да го сменат снабдувачот

И граѓаните што должат за струја ќе можат да го сменат снабдувачот. Новиот закон за енергетика која ќе се применува од идната година предвидува домаќинствата кои имаат долгови, да продолжат да ги плаќаат, а истовремено да излезат на слободен пазар и да склучат договор со нова компанија снабдувач.

Регулаторна работи и на поедноставување на едминистративните работи за полесен влез на пазарот на компаниите за снабдување и дистрибуција со електрична енергија.

Истовремено, Регулаторна со новиот Закон за енергетика работи на намалување на дополнителните трошоци на корисниците на струја. Ветуваат дека ќе го намалат износот што се плаќа за повторен приклучок во случај кога корисникот е исклучен поради заостанат долг. Исто така, најмалку за 10% ќе се намали еднократниот трошок на корисниците што за прв пат се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. До сега стандардниот приклучок, во зависност од локацијата и условите, чинеше најмалку 30.000 денари.