Актуелно 09.01.2020 11:26

И ОБСЕ со осуда на антисемитизмот и говорот на омраза на СДСМ

И ОБСЕ со осуда на антисемитизмот и говорот на омраза на СДСМ

И Мисијата на ОБСЕ во Скопје го осуди говорот на омраза и антисемитизмот на СДСМ. Иако директно не го посочуваат „виновникот“, од соопштението е јасно на кого се однесува јавната осуда на реноимираната светска организација.

Денеска, Мисијата на ОБСЕ упати изразува силна и директна осуда на сите форми на расизам, антисемитизам и нетолеранција.

На својата официјална страница на Фејсбук, мисијата на ОБСЕ ги повика членовите и поддржувачите на сите политички партии да се воздржат од изразување и споделување навредлива содржина на етничка, верска или друга основа.

Предизборните периоди се времиња кога државите се особено ранливи на говор на дискриминација и нетолеранција, што може да доведе до сериозни последици. Податоците на Мисијата и на локалните НВО од изминатите седум години покажуваат дека инцидентите од говор на омраза во Македонија историски бележат пораст за време на предизборните периоди, особено по основ на етничка и политичка припадност – се наведува во апелот ОБСЕ.

Мисијата додава дека ова е особено важно време за државата, имајќи ги предвид спроведувањето на стратешките цели на Македонија. ОБСЕ посочува и дека слободни, фер и избори без говор на омраза се неопходни за земјата.