Актуелно 23.11.2018 12:38

И по 18 месеци СДСМ на власт Китев се вади дека безбедносниот систем е девастиран

И по 18 месеци СДСМ на власт Китев се вади дека безбедносниот систем е девастиран

Безбедносниот систем во Република Македонија е се уште девастиран и ќе треба многу да се работи и во делот на реформите, некои кои што ги почна оваа влада и преку Оперативно техничката агенција и со сите оние намери кои што треба да се реализираат следниот период преку низа законски би рекол измени во Собранието, појасни Бетиан Китев, пратеник од редовите на СДСМ за емисијата „Патот кон“.

-Но целиот овој случај мора да финишира со конкретно, точно прецизирање да се знае како е оваа операција изведена, кој има учествувано и кој ја има одговорноста. Дали е таа поделена или таа е единствено само на некои од органите кои што биле надлежни за овие прашања бидејќи тука имаме преплетување на судство, обвинителство и на МВР. И би рекол од тој процес добро е да институциите судството, обвинителството на некој начин почнат да го враќаат својот кредибилитет, рече Китев.