Актуелно 06.10.2018 12:51

И покрај ветувањата на Филипче, хаосот кај клиниките не е решен

И покрај ветувањата на Филипче, хаосот кај клиниките не е решен

Министерот  за здравство, Венко Филипче, на својата прва прес-конференција најави дека ќе го решава сообраќајниот хаос и проблемот со паркирани возила кај Клинички центар со повеќе мерки во кои ќе учествува МВР и Град Скопје.

Целта, рече, е да се спречи блокирањето на амбулантните возила на улицата „Мајка Тереза“, како и самиот пристап до клиниките.

Но, сепак тоа беше едно лажно ветување. Од тоа ветување се уште стои лимената ограда околу поранешната зграда на стара Гинекологија и дрвјата пораснати на некогашната болница кои се уште се белег на ова место.

Ветувањата за катна гаража се уште не се изреализираа, иако од Министерството за здравство најавија дека побарале дозвола за градба на катна гаража. Додека пак министерството за транспорт и врски одговориле дека до ден денеска нема пристигнато ниту едно барање за добивање на дозвола за градба на катна гаража.

Метежот од автомобили, пешаците одвај се движат  по тротоарите бидејќи истите служат како паркинг места. Нервозни граѓани, блокирани улици и влезови на болници, тоа е реалната слика која долго време е во  Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.

Граѓаните се вознемирени, секојдневно прашуваат во што се инвестираат парите од министерството.

Најнови вести