Власта повторно ги излажа граѓаните. Нема да се гради ветената детска градинка во Тимјаник.
На собраниската Комисија за финансирање и буџет која денеска ја продолжи расправата за предлог измените и дополнувањата на Буџетот, одбиено беше барањето на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Павлинче Честојнова, за градба на градинка во Тимјаник.
Немање план и основен проект е неоснованото образложение поради кое неготински Тимјаник нема да ја добие ветената градинка, чија градба требаше да почне до крајот на годинава.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која во месец јуни годинава беше во посета во Тимјаник, пред граѓаните кои протестираа и ѝ порачаа дека сакаат градинка, а не дом за деца со попреченост, вети дека ќе стори сѐ за ова место да добие градинка.
-До крајот на 2018 година ќе се гради и нова градинка во Неготино. Ако добијам проект за изградба на градинка во Тимјаник, тоа ќе го направам како лична заложба, изјави тогаш ресорната министерка.
Но и покрај ветувањата од власта, жителите на Тимјаник ќе останат без детска градинка.