Актуелно 04.11.2018 11:58

И покрај ветувањата од власта, жителите на Тимјаник ќе останат без детска градинка

И покрај ветувањата од власта, жителите на Тимјаник ќе останат без детска градинка

Власта повторно ги излажа граѓаните. Нема да се гради ветената детска градинка во Тимјаник.

На собраниската Комисија за финансирање и буџет која денеска ја продолжи расправата за предлог измените и дополнувањата на Буџетот, одбиено беше барањето на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Павлинче Честојнова, за градба на градинка во Тимјаник.

Немање план и основен проект е неоснованото образложение поради кое неготински Тимјаник нема да ја добие ветената градинка, чија градба требаше да почне до крајот на годинава.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која во месец јуни годинава беше во посета во Тимјаник, пред граѓаните кои протестираа и  ѝ порачаа дека сакаат градинка, а не дом за деца со попреченост, вети дека ќе стори сѐ за ова место да добие градинка.

-До крајот на 2018 година ќе се гради и нова градинка во Неготино. Ако добијам проект за изградба на градинка во Тимјаник, тоа ќе го направам како лична заложба, изјави тогаш ресорната министерка.

Но и покрај ветувањата од власта, жителите на Тимјаник ќе останат без детска градинка.