Актуелно 24.11.2018 12:54

И полицијата на „блек фрајдеј“ кај Сити Мол: За 4 часа изречени 26 казни, со пајак подигнати 21 автомобил

И полицијата на „блек фрајдеј“ кај Сити Мол: За 4 часа изречени 26 казни, со пајак подигнати 21 автомобил

Полицијата синоќа во рамки на контрола на улиците кои гравитираат околу ТЦ „Сити Мол“ во Скопје за да овозможи нормално одвивање на сообраќајот подигнала 21 моторно возило со специјално возило „пајак“ и врачила 26 мандатни платни налози.

Од нив седум платни налози биле за паркирани возила на коловоз, седум платни налози за паркирани возила на тротоар, зеленило и дванаесет платни налози за паркирани возила на автобуско стојалиште.

Полициската акција се реализирала синоќа во периодот од 19:00 до 23:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај.

Најнови вести