Економија 06.02.2024 11:35

И Шкотска тестира покуса работна недела

И Шкотска тестира покуса работна недела

На крајот на минатата година, Шкотска имаше планови да започне со тестирање на четиридневна работна недела. Сепак, она што ја разликува Шкотска од другите земји каде што е направен ваков експеримент е тоа што пилот-проектот ќе се спроведува во јавниот сектор.

За разлика од Шкотска, деновиве светот ја слушна веста дека една од најсилните економски сили – Германија, почна да спроведува четиридневна работна недела во 45 компании, при што ќе се утврдат ефектите од таквата работа врз платите. Тестирањето ќе трае половина година.

Според поддржувачите на четиридневната работна недела и повеќето од оние кои имаа можност да работат четири дена во неделата, тоа ќе ја зголеми благосостојбата на работниците, ќе ги направи попродуктивни. Исто така, се верува дека постои можност за ублажување на проблемот со недостигот на работна сила.

Затоа што германската трговско-индустриска комора лани во ноември објави дека половина од компаниите мака мачат да пополнат работни места. За разлика од европските земји, каде што ваквата намалена работа неделно е опширно тестирана, во Србија се уште е на сила идејата дека треба да се работи подолго и повеќе, а не пократко. Дополнително, локалниот Закон за работни односи предвидува работна недела до 40 часа (минимум 36 часа), објави Каматица. ()

Најнови вести