Актуелно 27.03.2020 14:25

И Спасовски на час: Во ек на битка со коронавирусот СДСМ собира непримерни политички поени врз грбот на децата (ФОТО)

И Спасовски на час: Во ек на битка со коронавирусот СДСМ собира непримерни политички поени врз грбот на децата (ФОТО)

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска гостуваше во образовната емисија „ТВ Училница“, која од 16 март секој работен ден се прикажува на Македонската радио-телевизија.

Граѓаните, по ова појавување на Спасовски, реагираат дека СДСМ не престанува да тера политика врз грбот на најмладите.

И во ек на битка со коронавирусот, Спасовски и СДСМ се обидуваат да соберат непримерни политички поени.

Жално е што популизам и злоупотреба на деца се прави и во време на вонредна состојба. Политиката мора да биде тргната од грбот на најмладите и најранливите.