Актуелно 17.11.2018 14:36

И тоа се случи, Шекеринска направи настан за промоција на гуми

И тоа се случи, Шекеринска направи настан за промоција на гуми

Министерката Радмила Шекеринска во посета на касарната во Ѓорче Петров,во моментот кога пристигна најголемата пратка на нови гуми за армиските возила од набавката за годинава, информираат од прес службата на МО на официјалниот ФБ профил на ова министерство.

-Работите полека ги доведуваме во ред. До крајот на годинава ќе бидат испорачани и новите чизми за војниците, а постапката за набавка на нови униформи е во тек. АРМ ќе влезе во сојузничките редови подновена! Пишува во објавата за овој ,,настан“.