Зоран Заев е исклучително нервозен затoа што е осамен и изолиран во намерaта по цена на животи да оди на брзи избори. Зоран Заев го носи народот на гилотина и во организирсно убиство само за да ја спаси фотелјата во СДСМ и издејствува помал пораз. Избори во јуни нема да има, велат партиски извори за Курир.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера, веднаш по завршувањето на лидерската средба кај Пендаровски даде изјава за медиумите во која образложи зошто на Македонија не и се потребни брзи избори, а воедно и ги објави предлозите на партијата за тоа кога е најдобро да се оддржат истите.
-Имајќи го сето ова во предвид, но имајќи ги и консултациите кои што ВМРО-ДПМНЕ во меѓувреме ги правеше со експерти од земјава и од странство предложивме три термина кога цениме дека здравјето на граѓаните ќе биде најмалку доведено под опасност бидејќи тоа е првата константа која што за сите нас е важна. И тоа се три термина кои што не се фиксни него кои едноставно ќе се доближуваме до тие три термина. И ќе ја анализираме ситуацијата бидејќи ќе ве потсетам на 13-ти март имавме состанок кај Спасовски во Владата каде што на памет не ни паѓаше да зборуваме за одложување на изборите, а 6 дена потоа се тепавме по меѓу себе кој попрв да излезе и да ги одложи тие избори. Така што имајќи го сето тоа во предвид и искуството со кое што до сега настапувавме во јавноста ги предложивме термините на крајот од август и почетокот на септември, односно термините 23-ти и 30-ти август и 13-ти септември. Како термини кои што цениме дека пандемијата ќе го намали интензитетот, се уште граѓаните ќе бидат под определен ризик но имајќи го во предвид актуелното функционирање на институциите, имајќи го во предвид интензитетот на пандемијата некако тоа конвергираше кон оптимален предлог и тој предлог денеска од името на ВМРО-ДПМНЕ го предложив овдека на оваа лидерска средба. Имаше и други предлози и други датуми, од останатите политички лидери имаше своевиден ултиматум од страна на господинот Заев, ние под ултиматуми не работиме, не носиме одлуки така што оној предлог кој што ВМРО-ДПМНЕ го даде т.е. би рекол оние три предлога кои што ВМРО-ДПМНЕ ги даде остануваат предлози кои што цениме дека здравјето на граѓаните ќе биде најмалку тогаш доведено во опасност на сметка на брзи избори, кога броиме десетици новозаболени и мртви, починати речиси секој ден, потенцираше Мицкоски.
Голем дел од експертската јавност е против предлозите на СДСМ и Заев, Македонија да оди на избори во јуни, бидејќи како што велат, кризата со коронавирусот се уште не е завршена, а бројот на заболени од ден на ден е се поголем.
Аналитичарот, Сашо Клековски, во своето гостување на Алсат ТВ дека ако навистина, како што декларираат преговарачките страни, дека јавното здравје им е најважно, тогаш партии треба да ги земат во предвид мислењата на експертите кои велат дека за за има избори треба 14 дена процентот на ново дијадностицирани на Ковид-19 да биде под 5% од вкупниот број направени тестови.
– И едната и другата политичка партија декларираат дека им е важно јавното здравје. Ако е така, тогаш очекувано е, за мене, двете политички тартии да ги обзнанат критериумите со кои се докажува дека Македонија е надвор од опасност на корона вирусот. А и заменик министерот за здравство, пред недела дена, кажа дека за да можеме да зборуваме за избори треба, најмалку 14 дена на имаме ново дијагностицирани на Ковид-19 од вкупниот број направени тестови. Затоа, неопходно е, доколку јавно здравствените интереси се примарни, да во моментот на носење на одлука да имаме 14 дена на намалување на бројот на позитивни тестови од вкупниот број направени тестови, констатираше Клековски.
Партиски извори за Курир велат дека нервозата кај Зоран Заев, тресењето на вилицата покажува дека тој ќе изгуби на изборите и поради тоа прави непромислени потези со што во најголем ек на коронавирусот тој сака да оди на избори.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали во СДСМ има „пилот“, бидејќи Заев вели едно, а неговите советници сосема друго?
На вчерашната лидерска средба единствени за избори во јуни беа СДСМ и нивните коалициони партнери БЕСА, ниту една друга партија не застана зад нивниот став, останува да видиме дали СДСМ и Заев се решени и по цена на човечки животи да одат на избори со цел да си ја спасат политичката кариера.