Актуелно 14.09.2018 13:34

И вработените во високо образовни уставнови и бараат поголеми плати на Владата

И вработените во високо образовни уставнови и бараат поголеми плати на Владата

Реакција и барање за повисока плата на адреса на Владата упатува и независниот академски синдикат.

Според дописот до медиумите од НАкС потенцираат дека платите се со фрапански разлики и бараат зголемување на буџетот наменет за примањата на вработените во јавните високообразовни и научни установи

Посочуваат дека со години е напластувано незадоволството од висината на платите и додаваат дека нивото е понижувачко и супстандардно за нив.

Тие , како што посочија се спремни да помогнат стручно со цел да се реши нееднаквоста.