Сите ќе ви позавидат на тенот, а подготовката на ова масло е многу едноставна. Ова природно масло е одлично за сончање, бидејќи настанува така што во маслиновото масло се додаваат другите билки.
Потребно е
- 3 дл маслиново масло
- 2 моркови
- 6 или 7 млади ореви
Земете тегла и во неа изрендајте го морковот, исечкајте ги оревите и прелијте ги со маслиново масло. Добро затворете го и оставете го најмалку 4 седмици ( најдобро е 40 денови) да отстои на сонце. Повремено протресете ја одржината. Кога ќе помине потребниот период, добиеното масло претурете го во шишенце.
Со обзир на тоа дека овој препарат не ве штити од штетните сончеви зраци, односно, неговиот зштитен фактор е 2, пред да го нанесете маслото на кожата, заштитете ја со крема со фактор, а по половина час нанесете го и маслото.
Веќе по два денови ќе забележите разлика. Покрај брзото потемнување, предност на овој препарат е тоа што кожата ќе ви биде мека и нахранета.