На 29.12.2018 година во 17:35 часот при вршење на мотопатролна служба на автопат А1 кај клучка Прдејци, сопрено е патничко моторно возило “Волво“ со белгиски национални ознаки, во кое биле возачот Р.С.(37) од Скопје и три илегални мигранти од Пакистан (без документи за идентификација).
Лицата биле лишени од слобода и предадени во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.