Пратеникот Илија Димовски од редовите на ВМРО ДПМНЕ денеска на собраниската расправа за ребалансот на буџетот кажа дека Владата ја промашила проекцијата за буџетот и дека со овој ребаланс го признала тоа.
„Како и минатата година и оваа година кажувавме дека проекцијата од 2,8 % нема да се оствари . Попатно да споменам дека и Европската Комисија прави проекција за растот на економијата од 2,1 % а претходно и ММФ направи проекција од 1, 6 % раст на БДП за оваа година . “
Димовски кажа дека може овие бројки звучат како непотребна статистика но дека ова кажува колкав ќе биде и степенот на зафат на економијата и имплицира колку ќе е растот за следната година.
Илија Димовски потенцираше дека ваквите резултати воглавно се должат на неснаоѓањето, незнаењето и неработењето на Владата.