Неколку пати имам кажано од ова говорница, бидејќи ова влада не знае ништо да сработи, што прави прави популизам. Ова е класичен популизам и нормално лепенка многу убава, богати те ќе плаќаат повеќе, сиромашните ќе плаќаат помалку.
Класична манипулација, па и сега господине министре богатите плаќаат повеќе. Тој што зема 60 илјади денари плата, ако плаќа 10 проценти данок, ќе плати 6000 денари данок, тој што зема 20 илјади плата ако плаќа 10 проценти данок, ќе плати 2000 денари, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски на денешната комисиска расправа за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија.
Илиоски му порача на министерот за финансии и владата на СДСМ и Зоран Заев доколку сакаат да воведат правилен данок, да воведат данок на богатство, данок на имот, потенцирајќи дека доколку има две коли да плаќа поскапа регистрација или доколку има два стана да се плаќа повисока даночна стапка. Тоа е разлика меѓу богати и сиромашни, да најдеш начин од богатите бидејќи имаат повеќе да земеш да прибереш повеќе средства во буџетот на државата.
А ова не е данок со кој што праведно ќе земете од богатите, ова е данок со кој што успешните кои што живеат од плата, живеат од својот труд и личен доход, ќе ги мотивирате да најдат начин да го изиграат данокот и да плаќаат помалку. Само тоа ќе го постигнете, изјави тој.
Според него постои друг начин за полнење на буџетската каса, додавајќи дека владата може да оди со кратење на непродуктивни расходи. Пратеникот Илиоски смета дека власта мора да поработи на македонската економија со цел да живне малку економијата а со тоа да се зголеми и БДП.