Мозаик 09.01.2019 18:26

Илјада не сакам, а ниту еден сакам

Илјада не сакам, а ниту еден сакам

Фаза. Периодот. Најжестоките изминати три години, единаесет месеци и дваесет и еден ден. Добро, секогаш постојат некои фази. Мои пријателки, мајки поискусни од мене, на секоја дилема одмавнуваат со рака и велат: Тоа е само фаза, остави, ќе помине. Ох, и јас знам дека ќе помине, но ова е многу долга и тешка, многу тешка

Тоа е онаа фаза кога од пет работни денови во неделата ние доцниме во градинка и шестиот ден. Значи, постојано. Таа фаза кога мојата најмила ќерка во бањата со својата четка за заби ги мие пешкирите, огледалото, дозерот за сапун, сѐ освен забите. И се лути најсилно ако се осмелувам да ѝ кажам дека не ги измила.

Таа е фазата кога ќе побарам од неа да се облече за да на време стигнеме во градинката, а таа на мене чека и по 10 минути во пижами гледајќи цртани филмови. А потоа уште вика на мене, бидејќи јас ѝ реков да се облече. Се обидува да ме штипне, изгребе, турне, а на патот во градинка оди од нога на нога, бидејќи ја замолив да побрза.

Ех , ТАА фаза.

За таа фаза треба толку многу трпение. Но, се разбира, ние не сме секој ден исти, понекогаш имаме трпение на фрлање, а понекогаш и само измиеното огледало со четка за заби е доволно за незадоволство, фрустрација и анксиозност.

Морам да признаам дека долго време барав начин, без оглед на својата состојба како да го изрегулирам своето дете.

Се обидов со јасен и малку подигнат глас – не препорачувам никако. На секој мој збор, мојата ќерка имаше две погласни изјави.

Место за ладење – никако два пати. Дури и полоша опција. Пред тоа не сакаше да слушаат ниту работи кои нормално ги сака, како тогаш оваа од која воопшто не е задоволна.

Дозволете ми да објаснам зошто подигнат тон, макар и незначително, и да оди на место за ладење (во својата соба), и сите овие инстант методи кои произлегуваат само од нашата сопствена неспособност на регулација, не се добри за детето. Со секоја таква активност на детето му велиме дека тоа не е во ред. Дека не го прифаќаме во целост. Дека не е добро и исправно.

Кога устата вика/заповеда, срцето е глуво. Значи, ако го подигнеме тонот, која нота на љубов и припадност детето може да слушне од неа?

Ако детето го пратите да се излади, што му препорачувате? Можеш да се вратиш кај мене повторно, тогаш кога повторно ќе бидеш добар само по моите лични стандарди? Не ли се стремиме сите ние да бидеме прифатени токму онакви какви што сме?

Ако го поттикнуваме, што со тоа зборуваме? Јас немам време за тебе и за твојот ритам, почитувај ги моите барања?

Се разбира, не треба да останеме рамнодушни на детската агресија и непослушност, но ако ги согледаме нивните постапки како еден од начините на кои тие бараат внимание и дека, всушност, не знаат поинаку, можеби ќе запреме и ќе им го подариме она што го бараат. А тоа, верувајте ми, не трае долго.

Од сопственото искуство можам да потврдам дека тоа е момент на нашето целосно внимание и доволно е да ги регулира во кризниот момент. За нив е важно да ги препознаеме и признаеме нивните потреби.

Да, можеби за нас се непослушни во неприкладен период (колку апсурдно да звучи), но како што бараме од нив да се регулираат и да се прилагодат на нас, истото и ние треба да направиме за нив.

Во пракса е многу тешко да се соберат нервите на место и мирно да се објаснува, неколку пати, зошто треба да се облече и да тргне во градинката/на играње/кај бабата, и така натаму. Да им се понуди опција да одат валкани и со неизмиени заби. Се разбира, да им се објасни и убавината на таа одлука (грицките остануваат на забите, устата „мириса“ на валкано, ладно за нозете, ако немаат чорапи и слично). Се сомневам дека некој, дури и во периодот на 3 или 4 години, би решил дека тоа би била добра идеја.

Кога ќе тргнат да се тепаат, треба само мирно да се чека да помине. Со мирно образложение тоа да не го прават поради тоа што боли ако удрат, штипнат или изгребат. Обично потоа сфаќаат и самите дека агресијата е непотребна. Тргнуваат да плачат. Бидејќи навистина не сакале да направат никаква штета, тие само сакале малку внимание.

Во суштина, сакам да кажам дека со својот пример на детето мора да му покажеме со пример како да се однесуваат со друго живо суштество, особено со она кое го сакаме. Бидејќи ако му покажеме викање и место за ладење (за ќутекот и да не зборувам) како ќе му испратиме порака дека со срцето најдобро се гледа и говори?

Сакајте ги, тие се најдоброто од вас.