Првиот човек на социјалната мрежа Икс, Илон Маск, претстави нов четбот со вештачка интелигенција наречен Грок, кој засега е достапен само за избрани корисници.
„Во некои важни аспекти, четботот е најдобар во моментов“, рече Маск пред лансирањето на Грок. Тој додаде дека овој чет-бот со вештачка интелигенција „сака сарказам“ и ќе одговара на прашања со „доза хумор“.
Сепак, се чини дека Грок исто така страда од истите проблеми што ги имаат и другите алатки за вештачка интелигенција.
Други модели одбиваат да одговорат на некои прашања, како што се совети за криминал, но Маск рече дека Грок ќе одговори на „незгодните прашања што повеќето системи за вештачка интелигенција ги избегнуваат“.
За време на демонстрацијата на новата алатка, од Грок побарале инструкции за правење кокаин. Тој одговори „само миг додека го најдам рецептот…затоа што дефинитивно ќе ти помогнам со тоа“, а потоа наведе генерализирани, некорисни информации во комбинација со саркастични предлози пред да предупреди да не продолжувате со оваа идеја.
Кога станува збор за судењето на крипто-претприемачот Сем Бенкмен-Фрид, Грок одговори со весел тон, но тој погрешно кажал дека на поротата ѝ биле потребни осум часа за да донесе ослободителна пресуда, а всушност таа била донесена за помалку од пет часа.
Генеративните алатки за вештачка интелигенција како Грок се критикувани за елементарни грешки додека звучат доста убедливо во нивниот стил на пишување.
Тимот зад четботот Grok xAI беше формиран во јули и е составен од талентирани луѓе од други истражувачки фирми за вештачка интелигенција. Тие сега се дел од посебна компанија, која сепак е тесно поврзана со другите компании на Маск како X и Tesla.
Маск на почетокот на годинава изјави дека сака неговиот чет-бот со вештачка интелигенција „да ја бара вистината колку што е можно повеќе и да се обиде да ја разбере природата на универзумот“. Тој истакна дека Грок ја има предноста во користењето пристап до ажурирани информации од платформата Х, што го разликува од првичните верзии на неговите ривали.
Grok моментално е во тест или бета формат, но ќе стане достапен за претплатниците на X малку подоцна. AI chatbot ќе биде интегриран во апликацијата X, но ќе биде достапен и како посебна апликација.