Економија 27.09.2018 13:02

Имаме утрински температури под нулата – ќе почне ли порано грејната сезона

Имаме утрински температури под нулата – ќе почне ли порано грејната сезона

Деновиве имаме значително ниски температури. Метеролозите велат дека утринската температура за денеска се движи од минус четири до шест, а дневната од 14 до 24 Целзиусови степени.

И утре времето ќе биде слично. Дали ќе почне порано грејната сезона?

Почнувајќи од 15 октомври почнува регуларниот период од грејна сезона кога испораката на топлинска енергија до потрошувачите се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила и дијаграми се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите одобрена од Регулаторната Комисија за Енергетика на Република Македонија.

Доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила и дијаграми на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални можни трошоци за греење на корисниците. При одредени атмосферски услови на доволно топло време кога не е потребно никакво греење, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува.

На граѓаните им останува или да очекуваат повисоки температури или порано да започне грејната сезона.