Можеби сте вработени,живеете посебно, без вашите родители, сами ги плаќате вашите сметки и слично,но дали сте навистина финансиски возрасна и зрела личност? Најмудриот чекор што една зрела личност, која добро ги води своите финансии, е да почне да штеди, поточно кажано да издвојува на страна секој месец дел од парите што ги заработува.
Со парите ќе дојдеш до она што најмногу го сакаш, а тоа е сигурност и слобода. Со штедењето ја градите својата сигурна иднина. Ако ве плаши идејата да одделувате настрана дел од заработените пари, помислете на нив како на готовина која би ве спасила доколку ја изгубите работата, или помислете на нив како на средства што би можеле да ви помогнат да се преселите на некое подобро место, или да купите нешто што одамна го сакате.
Финансиски зрелите луѓе внимаваат на секој свој потрошен денар и претходно добро размислуваат пред да купат било што. Добро е и да размислиме пред да купиме нешто, дали тоа ни е навистина потребно или го купуваме само за да избегаме од некој проблем или пак да се покажеме во друштвото. Следете го правилото 50/30/20 кога е збор за вашата плата. Половина од платата ќе отиде за оние најнеопходни трошоци како што се вашите сметки, храна,станарина и сл. Тие 20 проценти одделете ги за штедење или отплаќање на некој долг, а со оние 30 проценти правете што сакате. Но, возрасни и зрели сте тогаш кога нема да ви претставува проблем да се откажете од овие 30 проценти, доколку е потребно тие пари да се префрлат во делот на оние одделени за сметки или за штедење.
Добар показател дека сте финансиски зрела личност е да сте искрени во однос на своите финансии, односно да знаете во секое време каква е вашата финансиска состојба на сметката во секој момент, без да бегате од реалноста и да се соочите со вистината. Водете сметка за вашите кредити,за ратите,за било кои долгови и плаќајте ги навреме. Бидејќи ако го одолговлекувате плаќањето. тие долгови нема да исчезнат туку напротив ќе бидат се поголеми.
Финансиски зрелите луѓе знаат и да признаат кога им е потребна помош. Не се раѓаме со знаење за се, и понекогаш застрануваме од вистинскиот пат. Голема доблест е да признаеме дека имаме проблем и да сме свесни дека ни е потребна помош. Наместо да се обратиме кај роителите кои своевремено имале помалку од нас и немаат чувство за потребите на твојата генерација, добро е да побараме стручна помош од стручно лице за финансии. Тоа е најдоброто решение, бидејќи понекогаш и нашите родители не се во можност да ги разберат нашите финансиски проблеми.