Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 1.7 % на месечно ниво, а се повисоки за 2.6 % на годишно ниво.
Во март 2018, во споредба со февруари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9.0 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.8 %.
Во март 2018, во споредба со март 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 15.3 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 1.3 %.