Актуелно 19.08.2018 11:04

Индонезија: Силен земјотрес го погоди Ламбок

Индонезија: Силен земјотрес го погоди Ламбок

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени, според Рихтеровата скала, денеска го погоди индонезиски остров Ламбок, соопшти Американскиот геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од 7,9 километри.

Се уште нема податоци за предизвикани материјални штети и жртви.

Како што јави МИА, претходно месецов, истата област ја погоди земјотрес, во кој загинаа најмалку 430 лица.