Актуелно 01.08.2024 10:18

Индустриското производство со пад од 6,5 проценти во јуни

Индустриското производство со пад од 6,5 проценти во јуни

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат намалување на индустриското производство од 6,5 проценти во јуни.

Како што пишуваат статистичарите кај секторот Рударство и вадење на камен има пад од 9,5 проценти, во секторот Преработувачка индустрија се бележи опаѓање од 4,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 16,7 проценти.

– Според главните индустриски групи, производството во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 13,7 отсто, Капитални производи за 11 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,1 отсто. Пораст има кај Трајни производи за широка потрошувачка за 13,6 отсто, додека кај Интермедијарни производи, освен енергија е на исто ниво. Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на периодот јануари – јуни 2023 година, изнесув 94.9 – пишува во соопштението на ДЗС.