Британските пивари ја намалуваат содржината на алкохол, но не и цената на неколку од нивните најпопуларни пива. Грин Кинг, голем ланец на пиварници и пабови во Велика Британија, ја намали содржината на алкохол во своето популарно пиво на 4,8 отсто од пет отсто, објави неодамна Си-Ен-Ен, пренесува Политика.рс.
Во март истото го направи и најстарата пиварница во земјата – ја намали содржината на алкохол во флашираните пива на 4,2 проценти и 5,2, а до неодамна тој удел беше 4,5 проценти и 5,4. Интересно е што пиварите ја задржале големината на своите шишиња и лименки, со иста количина течност, но ја намалиле количината на алкохол, пренесува „Евроактив“.
Се вели дека оваа „инфлација на пијалоци“ ја одразува практиката на производителите на храна и супермаркетите да ја намалат големината на нивните производи без да ги намалат цените.