Актуелно 19.10.2023 09:33

„Инфлацијата го јаде лебот на граѓаните, а во исто време функционерите на ДУИ и СДС се товат со бифтеци, по евтини цени во владиното бифе“

„Инфлацијата го јаде лебот на граѓаните, а во исто време функционерите на ДУИ и СДС се товат со бифтеци, по евтини цени во владиното бифе“

Додека народот се обидува да го преживее секој месец, борејќи се со енормната инфлација, која го јаде нивниот леб, во владиното бифе, каде јадат високите функционери на ДУИ и СДС, има бифтеци и сланини, по багателни цени, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Истите овие, што се сладат секојдневно по багателни цени, во владиното бифе, ги поскапеа лековите, витамините, детската храна, конзервираните производи, цвекло, брашно, чај, урда, сирење, кашкавал, зденки, замрзнати теста, феферони и овие производи ги прогласија за луксуз.

Во Македонија веќе до крајот на оваа година, според меѓународните организации 600 илјади граѓани ќе живеат на самиот раб на егзистенција, а околу 80 илјади граѓани, живеат живот, со помалку од едно евро на ден.

Ваква безидејност и бедотија никогаш немало во Македонија. Тоа ќе се смени набрзо и новата влада, предводена од ВМРО- ДПМНЕ, веднаш ќе работи на подобрување на стандардот на граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.