Годишната инфлација во еврозоната во септември падна на 4,3 отсто, од 5,2 отсто претходниот месец, објави Евростат, статистичката агенција на Европската унија. Во ЕУ инфлацијата е малку повисока во септември и изнесува 4,9 отсто, што е намалување за еден процентен поен во однос на годишната инфлација во август.
Највисока инфлација во ЕУ во септември има Унгарија – 12,2 отсто, потоа Романија со 9,2 отсто и Словачка со девет отсто. Од другата страна на скалата е Холандија, која во септември беше во дефлација, со цени за 0,3 отсто пониски во однос на истиот месец лани.
Во Данска и Белгија инфлацијата е 0,6 отсто, односно 90,7 отсто.
Во септември, најголем придонес во вкупниот пораст на цените има секторот услуги со два процентни поени, а храната, алкохолот и тутунот со 1,78 процентни поени. Придонесот на индустриските производи во инфлацијата беше еден процентен поен, додека цените на енергијата паднаа, како и претходните месеци, т.е. имаше негативен придонес кон инфлацијата од 0,55 процентни поени.
Базичната инфлација, кога во еврозоната се исклучени енергијата, храната, тутунот и алкохолот, во септември изнесуваше 4,3 отсто.