Економија 03.10.2018 18:59

Инфлацијата во Турција порасна 25 отсто

Инфлацијата во Турција порасна 25 отсто

Годишната инфлација во Турција во септември се зголеми речиси 25 отсто и покрај големиот пораст на клучните каматни стапки, лирата остана слаба во однос на американскиот долар, со загуба на вредноста повеќе од една третина од почетокот на годината.

Според извештаите, потрошувачките цени во Турција минатиот месец се повисоки 24,52 проценти во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика на Турција (ТУИК).

По објавувањето на овие податоци, лирата во однос на доларот ослабе речиси 1,5 отсто или шест лири за еден долар.

Од почетокот на годината лирата на овој начин ја губи вредноста повеќе од 37 проценти.

Драматичниот пад на вредноста на турската валута беше забележан кога Вашингтон воведе санкции за двајца турски министри и во август ги зголеми царинските давачки за челикот и алуминиумот.

Најнови вести