Економија 02.02.2024 08:48

Инфлацијата во еврозоната благо ослабела во јануари

Инфлацијата во еврозоната благо ослабела во јануари

Инфлацијата во еврозоната благо ослабела во јануари, а најновата членка на зоната на користење на единствената валута Хрватска е рангирана заедно со Естонија со најсилен раст на потрошувачките цени, значително повисок од просекот, покажаа пресметките на Eurostat во четвртокот.

Во јануари годишната стапка на инфлација во еврозоната, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP) изнесувала 2,8 отсто, пресметаа статистичарите. Во декември таа изнесуваше 2,9 отсто, покажуваат податоците, што значи дека растот на цените само малку забавил на почетокот на новата година.

На месечна основа, цените во 20-члената економија во јануари паднале за 0,4 отсто, откако во декември пораснаа за 0,2 отсто.

Цената на свежата храна најмногу поскапека во јануари, за 7,0 отсто во однос на истиот месец лани, нешто посилно од декември. Цените на енергенсите повторно паднаа, седми месец по ред, за 6,3 отсто. Во декември тие се намалеја за 6,7 отсто.

Без цените на свежата храна и енергијата, стапката на инфлација во јануари изнесувала 3,6 отсто и е пониска за 0,3 процентни поени во однос на декември.

Естонија на почетокот на годината забележала најсилен раст на потрошувачките цени на годишна основа, од 5,0 отсто. Следува Хрватска со стапка на инфлација мерена со HICP од 4,8 отсто. Во декември изнесувала 5,4 отсто.

Убедливо најблаг раст на потрошувачките цени во однос на јануари минатата година е забележан во Финска, од 0,7 отсто. Следува Италија со стапка на инфлација од 0,9 отсто и Летонија и Литванија со 1,0 отсто. ()