Економија 07.07.2025 14:07

Инфлацијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

Инфлацијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

Трошоците на живот во март бележат зголемување од 2,7 проценти на годишно ниво, а цените на мало се зголемени за 2,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во однос на февруари, трошоците на живот се намалени за 1,3 проценти, а цените на мало за 0,9 проценти.

Намалувањето на инфлацијата во март е резултат на намалувањето на трошоците на животот во делот на храната и безалкохолните пијалаци за 3 проценти, Транспортот за 1,8 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,6 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,5 проценти и Разновидни стоки и услуги за 0,3 проценти.

Зголемување на трошоците на животот во однос на февруари има во групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива и Облека и обувки за 0,4 проценти, Ресторани и хотели за 0,3 проценти, Комуникации и Здравје за 0,2 проценти и Рекреација и култура за 0,1 процент. Во групата Образование трошоците на живот остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.