Инфлацијата на годишна основа во јули падна на 1,3 отсто. Ова е второ најниско ниво на годишна стапка на инфлација по март 2021 година, кога изнесуваше 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика на Словенија.
На месечно ниво, потрошувачките цени се во просек пониски за 0,1 отсто во однос на претходниот месец.
Услугите во просек поскапеле за 4,4 отсто на годишно ниво, а стоките поскапеле за 0,3 отсто. Цените на полутрајните и на трајните производи се намалени за 1,7 отсто, односно 1,2 отсто, а на производите за дневна потрошувачка зголемена е за 0,2 отсто.
Најголем придонес во годишната инфлација, 0,4 процентни поени, има зголемувањето на цените во рестораните и хотелите од 6,1 отсто. По нив следуваат цените на алкохолните пијалоци и тутунот (за 5,2 отсто), останатите стоки и услуги (за 4,2 отсто) и производите и услугите во групата рекреација и култура (за три отсто) со по 0,3 процентни поени.
Од друг страна, годишната инфлација е намалена за 0,4 процентни поени со поевтините производи и услуги од групата домување, вода, струја, гас и други горива (за 2,8 отсто), за 0,2 процентни поени и уште 2,5 отсто пониски цени на облеката и обувки.
Годишниот раст на цените, мерен преку усогласениот индекс на потрошувачките цени, во јули изнесуваше 1,4 отсто, по 5,7 отсто во јули минатата година. На месечно ниво цените паднаа за 0,2 отсто.