Мозаик 03.04.2019 13:50

ИНФОГРАФИК: Како технолошките гиганти ги прават своите милијарди

ИНФОГРАФИК: Како технолошките гиганти ги прават своите милијарди

На прв поглед, може да изгледа дека најголемите светски технолошки компании имаат многу заедничко.

За почеток, сите пет Big Tech компании(Amazon, Apple, Facebook, Microsoft и Alphabet) се појавија како највредни компании во светот, со основачи како Џеф Безос или Бил Гејтс, кои се на глобалната милијардерска листа.

Овие технолошки гиганти, исто така, имаат потрошувачки аспект во нивниот бизнис кој е секогаш напред и во центар. Имаат милијарди луѓе кои ги користат нивните платформи на глобално ниво.

Конечно, сите овие компании имаат слична приказна за настанокот: тие биле основани или инкубирани на плодната дигитална почва на Западниот брег. Компанијата која има најслаби тврдења за таквото потекло е Facebook, но дури и таа беше основана во Силиконската долина во јуни 2004 година.

Големината на технолошките великани

Пред да стигнеме до тоа колку Big Tech компаниите ги прават своите пари, да ги видиме финансиите од повисоко ниво. Следните податоци доаѓаат од “2018 10-К” извештаите поднесени минатата година.

Заедно, “големата петорка” имаат приходи од 800 милијарди долари за 2018 година, што би биле меѓу 20-те најголеми земји во светот според БДП. Попрецизно, тие ќе ја истуркаат Саудиска Арабија (684 милијарди БДП) во однос на големината.

Во меѓувреме, тие генерираа вкупно 139 милијарди долари нето профит за нивните акционери, 17,3% профитна маргина.

Како Big Tech компаниите ги прават своите пари

Ајде да копаме подлабоко и да ги видиме разликите во тоа како овие компании ги генерираат своите приходи.

Вие сте клиент

Во најширока смисла, три од технолошките гиганти прават пари на ист начин: им плаќате пари, а тие ви даваат производ или услуга.

Apple (Приход во 2018: 265,6 милијарди долари)

  • Apple од iPhone генерира неверојатни 62,8% од својот приход
  • Од IPad и Mac генерира добри 7,1% и 9,6% од приходите, соодветно
  • Сите други производи и услуги – вклучувајќи Apple TV, Apple Watch, Beats производите, Apple Pay, Apple Care итн. – носат 20,6% од приходите

Amazon (Приход во 2018: 232,9 милијарди долари)

  • Amazon добива најмногу од своите онлајн продавници (52,8%), како и од услугите на продавачи (18,4%)
  • Најбрзо растечки сегмент на Амазон е офлајн продажбата во физички продавници
  • Офлајн продажбата генерира 17,2 милијарди долари во тековните приходи, растејќи за 197 отсто повеќе од претходната година
  • Amazon Web Services (AWS) е добро познат по тоа што е најпрофитабилниот сегмент на Амазон и книжи 11,0% од приходите
  • Amazon’s “Other” сегментот, исто така, брзо се зголемува – главно вклучува реклами за продажба

Microsoft (Приходи во 2018: 110,4 милијарди долари)

  • Microsoft го има најраспространет приход од било кој од технолошките гиганти
  • Ова е причината зошто Microsoft ја има моментално најголемата пазарна капитализација (901 милијарди долари) од големата петорка
  • Microsoft има осум различни сегменти кои генерираат ~ 5% од приходите
  • Најголемите три се канцелариски производи и облак услугите (25,7%), “Серверски производи и облак услуги” (23,7%) и Windows (17,7%)

Останатите технолошки гиганти не наплаќаат ништо како потрошувач, па како вредат толку многу?

Вие сте производ

И Alphabet и Facebook исто така, генерираат милијарди долари од приходи, но тие ги прават овие пари од рекламирање. Нивните платформи им овозможуваат на огласувачите да таргетираат со неверојатна прецизност, и затоа доминираат во онлајн-рекламната индустрија.

Alphabet (Приходи во 2018: 136,8 милијарди долари)

  •  Google, YouTube, Google Maps, Google Ads генерираат 85% од приходите на компанијата
  • Другите производи и услуги на Google, како Google Play или телефонот на Google, Pixel, помагаат да се генерираат 14,5% од вкупните приходи
  • Останатите се 0,4% од приходите

Facebook (Приход во 2018: 55,8 милијарди долари)

  • Facebook ги генерира скоро сите приходи (98,5%) од рекламите
  • Во меѓувреме, 1,5% доаѓа од плаќања и други давачки
  • И покрај тоа што Facebook беше бесплатна услуга за корисниците, компанијата генерира повеќе приходи по корисник од Netflix, кој плаќа за својата услуга
  • На пример, во четвртиот квартал на 2018 година, Facebook заработи 35 долари по корисник. Netflix заработи 30 долари.

Значи, додека техничките гиганти можат да имаат многу сличности, но како тие ги генерираат милијардите може значително да се разликуваат.

Најнови вести