Актуелно 15.01.2020 22:16

Инфомакс: Како размислувал Заев кога го продавал името: Ебаму името, ебаму (АУДИО)

Инфомакс: Како размислувал Заев кога го продавал името: Ебаму името, ебаму (АУДИО)

„Ебаму, името, ебаму“, вели Зоран Заев во продолжението на снимката „Евро за Вицето“, што на Јутуб ја објави Зоран Божиновски. Заев уверуваше дека целосно ќе се слушне снимката од случајот „Поткуп“, ќе се докаже неговата невиност и случајот ќе падне. Но, како што пренесува Инфомакс, снимката не само што снимката не ја докажува неговата невиност, таа потврдува дека тој бара мито од струмичкиот бизнисмен, а во неа се слушат и други скандлозни работи.

Порталот ја коментира леснотојата со која Заев зборува за промена на името на државата, како што вели тој за „пусти пари“.

Ние соработуваме со европски пари, со грчките општини и вика нели ви е проблем името, не вашата држава, нашата држава терај европските пари ги зимаме за било што. Нашите луѓе се цело лето во Грција, вие имате ваши луѓе што инвестирале тука, Михалидис, другар ми е Михалидис. Што да ти кажам, дај отвори тој живот да живееме човек. Значи поминаа, времето си тече што има толку многу вредности важни ЕБАМУ ИМЕТО, ЕБАМУ!

Во еден момент обидувајќи се да прикаже некаква си национална гордост тој вели дека џабе ќе е Македонија да влезе и во „свемирот“ ако не сме Македонци, пишува инфомакс.

За меѓународна употреба ќе се договориме, не чепкајте македонски јазик, Македонец кај што ми е националност, тоа што е моето право. Оти џабе ми е и да бидам член кај сакаш, во свемирот да ме зачленеш ако каже кој си ти бе дечко? Што ќе кажеш? Кој си ако не си Македонец?

Еве што за видото напиша ЗОран Буре весник Божиновски, кој прв го објави видото на својата ФБ страница.

-„Еве ја интегралната верзија на документарниот игран филм под работен наслов ,,ЕВРО ЗА ВИЦЕТО,,. Режијата и продукцијата се на упокоената УБК под раководство на тогашниот директор Сашо Мијалков. Главната улога во филмот ја игра тогашниот градоначалник на Струмица ЗОРАН ЗАЕВ (ова е 2014 година), а во главната споредна улога и во улога на снимател настапува локалниот бизнисмен Иво НИколов Сичевалиев.

Филмот има уводен видео дел кога Заев и Сичевалиев се снимени како влегуваат на состанокот и завршен видео дел кога снимателот Сичевалиев излегува од зградата на Општина Струмица. Во филмот, од 14 минута натаму се слуша како Зоран Заев му го објаснува начинот на Сичевалиев како да си плати, начин на кој други двајца веќе си платиле, едниот за кланица, другиот за краварник.

Така, Сичевалиев според упатството од Заев е упатен да плати по метар квадратен земјиште цена од 70 денари за државата и општината, ама и плус ДВЕ ЕВРА од кои ЕДНОТО Е ЗА ЦРКВАТА, А ДРУГОТО КАЈ ВИЦЕТО ВО МЕНУВАЧНИЦА. Од оваа снимка во јавноста беше емитуван само делот кога се зборува за еврата, снимката на суд е компромитирана како доказ, па судијата ДАРКО ТОДОРОВСКИ и подоцна Апелационен суд го ослободуваат ЗОРАН ЗАЕВ од вина во предметот ,,ПОТКУП,,. Како награда за судијата што го солободува ЗАЕВ; неговиот роден брат ЈОРДАН ТОДОРОВСКИ е вработен во Царинска управа НА КОМПЕНЗАЦИЈА!

Дарко Тодоровски ја има пуштено оваа снимка во оптек, така дојде и до мене! Инаку, мене особено ми е интересен и индикативен делот после 17 минута од филмот, во кој ЗОРАН ЗАЕВ на ИВО НИКОЛОВ СИЧЕВАЛИЕВ му ја раскажува идната политичка проекција, поточно што тој како иден премиер ќе му донесе благодет нему и на сите струмички бизнисмени и колку тоа е добро за Струмица која само еднаш во 100 години има шанса да има таков премиер како ЗАЕВ, премиер кој ќе остави белег!“

Гледајте, слушајте и размислувајте. Ова ли е оној ЗАЕВ кој ни се колнеше во најмило дека ќе донесе ЖИВОТ на овој простор, дека нема да го менува името, дека нема да коалицира со ДУИ, дека………..