Се уште е свежа информацијата за пријателството на заменик-министерот за внатрешни работи од ДУИ Агим Нухиу со свирепиот убиец од Прилеп, кој со четири куршуми го уби својот пријател и го запали неговото тело по што ладнокрвно заминал на митинг на партијата во Битола каде и се фотографирал со неговиот партиски шеф, а информациите упатуваат на тоа дека Енвер Тоска бил близок и со други високи партиски функционери, објавува Инфомакс.
Имено, Енвер Тоска, полицаецот кој изврши ѕверско убиство во прилепско бил близок пријател и со пратеникот од редовите на ДУИ Артан Груби, но и со обвинителот кој бараше притвор за екс-министерот за внатрешни работи Митко Чавков.
Груби му бил партиски другар и надреден на Тоска, кој според информациите кои ги добивме бил еден од нововработените полицајци, кои влегоа во последната „тура“ млади полициски службеници. Јавна тајна е дека Енвер, кој и претходно важел за проблематичен лик, дека бил вработен по партиска директива.
Освен со Артан Груби, Тоска бил и познаник на јавниот обвинител Дилавер Бектеши кој инсистираше на притворско затварање на екс-министерот за внатрешни работи Митко Чавков, дури и по информацијата дека тој преживел инфаркт и дека неговата здравствена состојба е сериозно нарушена за да издржи таков стрес.
Блискоста на високи државни функционери, претставници на правосудните органи и пратеници од владејачкото мнозинство, уште еднаш ја покажуваат длабоката поврзаност на власта на СДСМ и ДУИ со криминалното подземје во Македонија.
Енвер Тоска, бил добро познат за полицијата уште пред да стане припадник и да ја облече сината униформа.
Според неофицијална верзија за настанот, Енвер.Т заедно со сега убиениот заедно заминале да купуваат автомобил. Енвер потоа го застрелал, му ги земал парите и го запалил автомобилот.
Досега нема информација дали на распит бил повикан и заменик-министерот, кој непосредно по свирепото убиство свесно или не, обезбедил алиби за Тоска, кое за среќа не било доволен доказ да биде ослободен.
Граѓаните се згрозени од односот на власта кон ваквите сторители, а дотолку повеќе од неодговорноста на функционерите кои како и Нухиу не превземаат одговорност за ваквите девијантни појави, наместо тоа, ги поддржуваат и поттикнувааат.