Државниот пазарен инспекторат синоќа затвори уште пет маркети од трговските ланци поради непочитување на последните одлуки на Владата за намалување на цените за 10 отсто на одредени производи.
Казнети се и затворени 5 маркети во Кавадарци, Гостивар, Куманово и Тетово, информира директорот на ДПИ, Горан Трајковски.
„Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите!
Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните!“, порача првиот човек на инспекторатот.
Тој упати благодарност до сите граѓани кои пријавуваат неправилности во Државниот пазарен инспекторат на телефонскиот број 02/191.