На официјалната страна на Јавни набавки има објавено оглас од страна на ЈКП Водовод и канализација – Прилеп. Во делот Предмет на договорот за јавна набавка стои времени вработувања додека сумата која планира оваа институција да ја потроши е 10.000.000 денари или 162 илјади евра.
Ова не е прв пат институциите во Македонија да издвојуваат огромни суми на пари за привремени вработувања . Имено, голем дел од јавноста па и новата влада пред да дојде на власт беше критичар на пренатрупана администрација и на институциите за сега да го спроведува токму спротивното и тоа масовно.
Парите на граѓаните се трошат непотребно додека познавачите постојано кажуваат дека кадрите во институциите не се бирани по одредени критериуми туку само по критериумот партиска книшка што доведува до нефункционална и неефикасна администрација