Економија 25.04.2018 13:08

Институциите на големо вработуваат партиски кадри- ЈКП Водовод и канализација – Прилеп планира да потроши 10.000.000 денари на привремени вработувања

Институциите  на големо вработуваат партиски  кадри- ЈКП Водовод и канализација – Прилеп планира да потроши 10.000.000 денари на привремени вработувања

На официјалната страна на Јавни набавки има објавено оглас од страна на ЈКП Водовод и канализација – Прилеп. Во делот  Предмет на договорот за јавна набавка  стои времени вработувања додека сумата која планира оваа институција да ја потроши е 10.000.000 денари или 162 илјади евра.

Ова не е прв пат институциите во Македонија да  издвојуваат огромни суми на пари за привремени вработувања . Имено, голем дел од јавноста па и новата влада пред да дојде на власт беше критичар на пренатрупана администрација и на  институциите за сега да го спроведува токму спротивното и   тоа масовно.

Парите на граѓаните се трошат непотребно додека познавачите постојано кажуваат дека кадрите во институциите не се бирани по одредени критериуми туку само по критериумот партиска книшка што доведува до нефункционална и неефикасна администрација