Актуелно 10.08.2018 11:36

Инсулин пред истек на рокот се дели на болни

Инсулин пред истек на рокот се дели на болни

На првата прес конференција која како ново назначен министер за здравство ја оддржа Венко Филипче зборуваше токму за инсулинот, дека нема инсулинска криза и оти нема никаков проблем со лекот, а само неколку месеци подоцна, истиот тој лек го дели пред истек на рокот во септември.

Вчера, инсулини со рок на траење до 9-ти месец им биле давани и на деца.

Граѓаните кои примаат инсулин, револтирано прашуваат како можат да ги употребат сите тие флакончиња со инсулини за 2 недели и дали после треба да го земаат лекот со поминат рок.

-Филипче, што правиш, дали си свесен воопшто што правиш??? На сите дијабетичари тип 1 , меѓу кои најголем процент се деца и млади луѓе, ни дадовте инсулни, чиј што рок е до 9-ти месец !!!! Како можеме да ги употребиме сите тие флакончиња за 2 недели???? Што е ова, бре? Убиство? После треба со поминат рок ли да земаме инсулини? Па вчера вакви инсулини, кои имаат рок на траење уште две недели и кои се донација, им дадовте на деца, кои чекаа пред мене. БРЕ!!! Овие инсулини мене треба да ми траат месец и половина, а рокот е до 9-ти 2018 !! Значи после тоа со поминат рок ли да земам? А бе, што правите? Ова НИКАДЕ ГО НЕМА.

Имено, министер Венко Филипче е син на Илија Филипче, поранешен министер за здравство кој беше поставен на функција од владата на Бранко Црвенковски. Кариерата на Илија Филипче беше проследена со низа на афери и скандали за корупција, меѓу кои најеклатантниот пример беше шверцувањето и препакувањето на лекот „Орацеф“ во различна амбалажа. Оваа афера никогаш не доби разврска