Загадувањето на воздухот предизвикува големо намалување на интелигенцијата, открило новото истражување со што покажало дека штета за општеството од загадениот воздухот е далеку поголема од сите познати ефекти врз физичкото здравје, пишува Гардијан.
Истражувањето беше спроведено во Кина, но важно е и за остатокот од светот, бидејќи дури 95 проценти од населението вдишува загаден воздух. Се покажало дека загадувањето на воздухот доведува до значително полоши резултати во јазичните тестови и математиката, еквивалентно на една година образование помалку.
“Загадениот воздух значи дека секој ќе има за една година помалку образование”, рече Кси Чен од Јалската школа за јавно здравство, инаку член на истражувачкиот тим. “Овој ефект е поизразен кај постарите лица, особено кај оние на возраст над 64 години, потоа кај мажите и кај оние кои имаат пониско ниво на образование. Ако пресметаме колку имаат загуби, може да се каже дека се работи за години образование помалку.”
Претходните истражувања утврдиле дека загадувањето на воздухот штети на когнитивните способности на студентите, но ова е прво истражување кое се занимавало со влијанието на загадувањето врз другите возрасни групи, а особено жените и мажите.
“Штетата врз интелигенцијата е најзабележана кај возрасната група на возраст над 64 години и кои имале сериозни реперкусии,” рече Чен.