Меѓународната агенција за енергија предвидува дека инвестициите во соларна енергија годинава ќе достигнат 286 милијарди долари, додека инвестициите во производство на нафта ќе паднат на 280 милијарди долари. Овој пресврт е резултат на повеќе фактори, меѓу кои и падот на цената на соларните панели и се поголемиот фокус на обновлива енергија.
Агенцијата вели дека транзицијата кон соларна енергија ќе помогне да се намали емисијата на стакленички гасови и да се подобри квалитетот на воздухот. Годишните инвестиции во обновлива енергија од 2021 година досега се имаат зголемено за речиси 25%, а инвестициите во фосилни горива во истиот период се зголемени за 15%, се вели во нивниот извештајот на агенцијата за инвестициите во енергијата во светот World Energy Investment.
Околу 90% од тие инвестиции во чиста енергија доаѓаат од напредните економии и од Кина, што исто така укажува на глобалниот јаз меѓу богатите и сиромашните земји. За секој 1 долар инвестиран во фосилни горива сега се инвестираат околу 1,7 долари во чиста енергија. Пред 5 години овој сооднос бил 1:1, велат од агенцијата.
Во 2023 година се очекува на глобално ниво да се инвестираат околу 2,8 трилиони долари во енергија, од кои над 1,7 трилиони долари ќе бидат во обновливи извори, нуклеарна енергија, електрични возила и подобрување на енергетската ефикасност. Остатокот од околу 1 трилион долари ќе се инвестираат во нафта, гас и јаглен, при што побарувачката за јаглен забележува рекордни вредности и е шест пати поголема отколку што треба за да се достигне нула зависност од јагленот до 2050 година.
Годинава се очекува инвестициите во соларна енергија да достигнат просечно 1 милијарда долари дневно ли околу 380 милијарди долари на годишно ниво. Иронијата во сево ова е што едни од нај сончевите места во светот имаат намали инвестиции во соларна енергија.