Ако имате можност да го прогнозирате победникот во Светското првенство ова лето, кој тим би го одбрале? Актуелниот шампион Германија, вечниот фаворит Бразил или поранешниот шампион Шпанија? Повеќето навивачи најверојатно ќе изберат една од овие три екипи. Сепак, ова едноставно не е доволно квантитативно за инвестициските банки.
Помалку од еден месец пред почетокот на Светското првенство во Русија, инвестициската банка UBS користи тим од 18 аналитичари и уредниците, како и компјутерска симулација на развојот на турнирот 10.000 пати, во обид да го прогнозира можниот победник.
Банката ја објаснува својата методологија во сеопфатен извештај од 17 страници. Освен забавни факти за земјата домаќин (знаете ли дека Русија има 11 временски зони, иако натпреварите од Светското првенство ќе се играат само во четири од нив), извештајот вклучува и доста совети за инвеститори кои бараат потенцијал за раст во Русија.
Главното сепак е овој модел на турнирот, кој од UBS нарекуваат World Football Elo Rating. Тој сигурно генерира и неколку изненадувања – Англија, која тешко ги оправдува големите очекувања за настапот, е рангирана на четвртото место со 8,5% веројатност да го освои Светското првенство и со 68.5% веројатност да стигне до четвртфиналето.
Ова е најголем процент на веројатност од сите тимови на турнирот.
Европските тимови Франција и Белгија се рангираат зад Англија во прогнозите на UBS, заземајќи го петтото и шестото место.
Значи стигнуваме до првите три. И така какви се заклучоците на овие 10.000 симулации и 18 аналитичари за можниот победник во Светското првенство?
Шампион, според UBS, ќе биде Германија (24% веројатност) со пристојна предност пред Бразил (19,8%) и Шпанија (16.1%).
Победникот во прогнозата на UBS тешко може да се дефинира како изненадување.
Шансите на пет држави да ја грабнат титулата се проценуваат на нула. Тоа се Панама, Саудиска Арабија, Коста Рика, Тунис и Египет.